Трета лигаФудбал

Четири гола, но победник нема: Љуботен и Кораб ги поделија бодовите

Сподели
Сподели

Ран гол, пресврт и четири голови, но, сепак, немаше победник, Љуботен и Кораб ги поделија бодовите откако одиграа 2:2 на воведниот меч за отварање на третото коло на Трета лига регион 6.

Само минута време беше потребно за Кораб да го отвори резултатот во Тетово и да дојде до водство со голот на Амин Качалнику. Сепак, домашниот тим до крајот на првиот дел успеа да создаде шанси за гол и да направи комплетен пресврт.

Бојан Костадиновски во 27. минута го израмни резултатот, а пак Тео Симњановски во 38. минута беше прецизен за 2:1 на полувреме. Во вториот дел гостинот од Дебар преку голот на Емсал Рашид во 60. минута го израмни резултатот на 2:2.

До крајот и двете екипи немаа сили за трет гол, со што ги поделија бодовите.

За Љуботен ова е прво реми, а тетовскиот тим претходно имаше пораз и победа и со четири бодови е на четвртото место, а со ист ефект е и тимот на Кораб.

Колото ќе се затвори утре со останатите средби.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!