Трета лигаФудбал

ФОТО: Речица беше пред можност за победа, но Никола Ѓорѓиевски обезбеди бод за Пчиња

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Воведниот меч од третото коло на Трета регион 2 заврши без победник, со два гола, Речица и Пчиња ги поделија бодовите играјќи 1:1, откако домаќинот на шест минути пред крајот прими гол и остана без можноста да го собере целиот „плен“.

Шансите кои ги имаа и двете екипи не успеваа да ги крунисат во гол, па првиот дел се затвори со 0:0. Во вториот дел темпото и интензитетот прво вроди со плод кај домашниот тим, кој преку Дарио Јакимовски во 75. минута го отвори резултатот и стигна до водство.

ФОТО: Спортска Мрежа

Сепак, Речица, кој се обидуваше да го сочува водството и да создаде шанса за нов гол, се случи спротивното, гостинот преку Никола Ѓорѓиевски во 84. минута го израмни резултат на конечните 1:1.



Пчиња до утре ќе го држи врвот со ефект од две победи и едно реми за вкупно седум бодови, а пак Речица стигна до второто реми, а претходно имаше и една победа и со пет бодови е на четвртото место.

Третата рунда во регион 2 ќе се комплетира утре со останатите средби.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“, Швајцарија славеше со убедливи 3-0...

Кошарка

ВИДЕО: МЗТ Скопје со драматичен финиш до деветтиот Суперкуп

МЗТ Скопје Аеродром ја отвори новата сезона со трофеј, откако во возбудлив натпревар го совлада МКК Куманово со 70-68 и по шести пат...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Четири гола, но победник нема: Љуботен и Кораб ги поделија бодовите

Ран гол, пресврт и четири голови, но, сепак, немаше победник, Љуботен и...

Трета лигаФудбал

Без голови во Кичево: Напредок и Крошу Спорт ги поделија бодови

Воведниот меч од третото коло на Трета лига регион 5 не донесе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!