Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката, информираа од клубот.

Кожуф му се заблагодари на Крстески за досегашниот ангажман, професионалниот однос и придонесот во работата на клубот, посакувајќи му многу успех, здравје и среќа во продолжението на тренерската кариера.

Крстески го напушта тимот по шест одиграни кола во тековната сезона. Кожуф во досегашниот дел од првенството оствари две победи, едно реми и четири порази, со што има освоено седум бодови.

За гевгелискиот состав следува репрезентативната пауза, по која Кожуф ќе се врати на терените со гостување кај Детонит Плачковица во Радовиш.

Од клубот засега не објавија информација за тоа кој ќе биде наследник на Крстески на тренерската позиција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!