Втора женска фудбалска лигаФудбал

Пехарот има пет различни освојувачи, но само една екипа сега брка втора титула – за експресно враќање во Прва лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност
Сподели

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, а со неа повторно се отвора и трката за шампионскиот пехар и пласман во највисокиот ранг на македонскиот женски фудбал.

Првото коло од сезоната 2026/2027 ќе се игра во два термини – денес се на програмата два натпревари, додека во недела ќе се одиграат уште две средби, со што ќе биде отворена новата второлигашка кампања.

Особено внимание во новата сезона ќе привлече Топ Гол од Битола, кој по испаѓањето од Првата женска фудбалска лига повторно ќе атакува на шампионската титула во второлигашката конкуренција. За битолчанки ова ќе биде вторпат да се борат за шампионскиот пехар во Втората лига, откако претходно веќе ја освоија титулата во сезоната 2022/2023.

Токму затоа Топ Гол влегува во сезоната со јасна цел – експресно враќање во Првата лига. Битолскиот состав повторно ќе мора да мине низ второлигашката конкуренција, овојпат со амбиција повторно да стигне до врвот и да направи експресен кам-бек.

Историјата на Втората женска фудбалска лига досега има пет различни шампиони. Прв освојувач беше Кул Здравје, кој триумфираше во сезоната 2021/2022. Следната сезона пехарот заврши кај Топ Гол, додека во сезоната 2023/2024 шампион беше Атлетико. Кочани ја освои титулата во 2024/2025, а последниот шампион е Пелистер, кој минатата сезона го освои првенството.

🏆 Поранешни шампиони на Втората женска фудбалска лига:

2025/2026 – Пелистер
2024/2025 – Кочани
2023/2024 – Атлетико
2022/2023 – Топ Гол
2021/2022 – Кул Здравје



Во новата сезона конкуренцијата ќе биде составена од осум екипи. Покрај Топ Гол, Плачковица од Радовиш и Билјанини Извори од Охрид остануваат дел од второлигашкото друштво, додека во сениорската конкуренција се враќа и Победа од Валандово, која по една сезона пауза повторно пријави учество.

Лигата добива и четири нови имиња. За првпат во Втората женска фудбалска лига ќе настапат Башкими од Куманово, Менада од Тетово, Топ Грлс од Охрид и Ржаничино од истоименото скопско село.

Во рамки на првото коло утре Башкими ќе игра со Менада, а пак Плачковица со Билјанини Извори, в недела Ржаничино против Победа Валандово, а пак Топ Грлс со Топ Гол.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!