Трета лигаФудбал

Каришиќ и Алимоски го „расплакаа“ Вардар Неготино – победа за Големо Коњари, Превалец и Венец до големи победи

Сподели
Сподели



Превалец се израдува на домашна победа од 3:0 над Ултрас, со што го поправи впечатокот по големиот пораз во првото коло.

До победа во рамките на 2. коло на Трета лига Регион 4 екипата на Превалец стигна преку головите на Давид Спиридонов и Ордан Нешов кои погодија во првиот дел и Лука Наумов во вториот дел.

Венец го декласираше Млекар на гостински терен славејќи победа од високи 1:6. Хет-трик постигна Петар Ристовски, а по еден гол постигнаа Мартин Цветков, Кирил Неделков и Ѓорѓи Шишков. За домаќинот единствен стрелец беше Горан Илоски во 48. минута.

Борец успеа да го освои Крушево и да ја оправда фаворитската улога откако славеше победа од 1:3 над Питу Гули.

Пеце Стојанов постигна гол во 5. минута за водство од 0:1 на полувреме на велешани, а потоа Марио Наумовски во 68. минута зголеми на 0:2. Во 73. минута од средбата Ѓорѓи Стрезовски намали на 1:2 и на момент ја врати неизвесноста, барем до 87. минута кога Стојанов со втор гол го реши победникот.

По одличниот старт и високата победа екипата на Бучин загуби на гостување кај Росоман со резултат од 3:2. Домаќинот со голот на Кристијан Јованов имаше предност од 1:0 на полувреме.

Во вториот дел Стефан Костовски зголеми на 2:0, а потоа следуваше израмнува на 2:2 со головите на Виктор Глушевски и Бојан Мицески, кој погоди во 68. минута. По две минути Кире Димков стрелаше за 3:2 со што трите бодови останаа дома.



На „Цвај арената“ во Неготино се играше дербито на двата лански второлигаши, Големо Коњари со 1:2 славеше над Вардар Неготино и тоа со погоди во самиот финиш. Домаќинот забележа пораз во самиот финиш.

Оливер Тодоров во 13. минута донесе предност за Вардар Неготино, а пресвртот се случи откако најпрво во 89. минута Емир Каришиќ израмни на 1:1, а во 91. минута Беким Алимоски постигна гол за конечни 1:2 и големо славје на Големо Коњари.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, вчера Победа го декласираше Влазними Јуниор, а пак Победа од Пепелиште славеше во Чашка, извештајот за овие мечеви е достапен овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Четврток за промени во Втора лига: Охрид и Работнички атакуваат на врвот, Детонит и Тетекс ќе бараат позитивен резултат

Во четврток Втората македонска фудбалска лига може да добие нов лидер, но истовремено одложените натпревари од второто коло може дополнително да ја усложнат...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за историскиот настап во елитното друштво, а најново име во ростерот е...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!