Трета лигаФудбал

Дрита испука „петарда“, Гостивар со висока победа од шест гола, Лирија до голема победа

Сподели
ФОТО: KF Liria - Zhelinë
Сподели



Второто коло во Трета лига регион 6 донесе многу погодоци на сите натпревар, а единствениот меч без погодоци беше дуелот на Доброшти и Скендербег (0:0) за делба на бодовите.

Гостивар славеше голема победа на Градец со резултат од 0:6, каде четири погодоци беа дело на Генц Гаши, а по еден гол постигнаа Агон Љуши и Бамир Алиу.

Дрита од Боговиње со „петарда“ над Речица, победа од 1:5 на гостински терен. Во првиот дел погодија Ендрит Аламини и Брендим Рушити, а во вториот дел Арсим Рамадани, Адриан Исмаили и Шпенд Асани, за домаќинот единствен стрелец беше Артан Зеќири.

Џепчиште ја израдува домашната публика со победа од 4:2 над Љуботен, со што гостинот го претрпе првиот пораз. За домаќинот стрелци беа Агон Селмани, Ментор Саљиу и Адриан Беќири, а за гостинот погодија Марјан Симјаноски и Филип Аризанкоски, а пак Ангел Апостолоски си поднесе оставка.

Јехона беше поразена на домашен терен од Лирија во меч со осум гола, за конечни 3:5. Искусниот Изаир Емини постигна два гола за домаќинот, а првиот гол беше дело на Гент Амети. За гостинот Ердин Џеладини и Арлинд Алији беа двојни стрелци, а еден гол постигна Недим Абази.

По чистите мрежи во првиот дел Кораб во второто полувреме славеше над Цетинска со 2:1. Един Мерсовски и Емсал Рашид беа стрелци, а за гостинот во 90. минута за ублажување на поразот погоди Лорик Љика.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!