Ракомет

Тиквеш со три гола негатива пред реваншот со Еш!

Сподели
ФОТО: Меморијален турнир ,,Миле Нешкоски"- Прилеп/Motion Media
Сподели

Тиквеш со пораз го започна европскиот двомеч со Еш во првото коло од ЕХФ Европскиот куп. Кавадарчани загубија со 30-27, но разликата не е недостижна, бидејќи утре следува вториот натпревар, повторно во спортската сала „Јасмин“.

Домашниот состав имаше одличен почеток и рано поведе со 4-1, но Еш брзо воспостави резултатска рамнотежа. До крајот на првото полувреме се играше во израмнет ритам, па двете екипи на пауза заминаа со 14-14.

Во продолжението гостите постепено ја презедоа контролата и во еден момент стигнаа до четири гола предност, 25-21. Тиквеш успеа да се врати во игра и со погодоците на Ончев и Симиќ, а потоа и на Чејовиќ и Ончев, дојде на само еден гол негатива, 27-26.

Сепак, во завршницата ракометарите на Еш беа поконцентрирани, и постигнаа два гола, па така победија на првиот натпревар со 30-27.

Бен Махфуд беше најефикасен кај Тиквеш со девет погодоци, додека Ончев постигна пет. Кај гостите, Аговиќ заврши со шест, а Аранда со пет гола.

Реваншот е утре од 18:00 часот во „Јасмин“, а Тиквеш ќе има можност пред домашната публика да ја анулира негативата од првиот натпревар и да обезбеди пласман во второто коло од ЕХФ Европскиот куп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло на домашен терен со 2:0 ја...

Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34 во натпреварот кој, по договор меѓу двата клуба, наместо во Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34...

Ракомет

Алкалоид со убедлива партија до трет сезонски триумф!

Алкалоид продолжува со максимален учинок во Супер лигата. Тимот од Автокоманда го...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 со голема победа над Мулти Есенс

Еурофарм Пелистер 2 стигна до првите суперлигашки бодови оваа сезона, откако во...

Ракомет

Еурофарм Пелистер сигурен во Струга за втора суперлигашка победа

Еурофарм Пелистер стигна до вториот триумф во новата сезона од Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!