Ракомет

Еурофарм Пелистер сигурен во Струга за втора суперлигашка победа

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер стигна до вториот триумф во новата сезона од Супер лигата, откако на гостувањето кај Струга славеше со убедливи 33-25. За битолчани ова беше прва победа на гостински терен по три одиграни натпревари.

Иако Лино Червар повторно не можеше да смета на дел од странските засилувања, домашните ракометари успешно ја завршија задачата и уште во првото полувреме направија значајна разлика. Еурофарм Пелистер на паузата замина со плус седум, 16-9.

Струга во продолжението успеа да го намали заостатокот и во еден момент да се доближи на четири гола негатива, но гостите не дозволија пресврт. Битолчани повторно ја презедоа контролата и во финишот ја потврдија убедливата победа.

Капитенот- Филип Кузмановски беше прв стрелец кај победникот со седум гола, додека Петар Атанасијевиќ и Ненад Белистојаноски постигнаа по шест. Значаен удел имаше и Никола Митревски, кој натпреварот го заврши со 11 одбрани, а Давид Брестовац во вториот дел додаде уште три интервенции.

Во редовите на Струга, Костадин Петров постигна пет гола, а Никола Јукиќ четири. Голманскиот тандем Мартин Јовановски – Кристијан Костадиновски заедно запиша осум одбрани.

Во следното суперлигашко коло Еурофарм Пелистер го очекува дуел со својот втор тим, додека Струга ќе бара први бодови во сезоната на домашен терен против Бутел Скопје.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!