Ракомет

Охрид без проблеми до нови бодови против Бутел

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во македонската Супер лига, откако на гостувањето кај Бутел Скопје славеше со 41-32.

Охриѓани уште во воведните минути покажаа зошто ја имаат фаворитската улога. Тимот на Борис Ројевиќ го отвори натпреварот со убедливи 5-0 и веднаш воспостави контрола врз резултатот.

Домашниот состав преку Стаменковски и Богдановски успеа да ја прекине серијата на гостите, но Охрид брзо ја врати контролата и не дозволи неизвесност. До паузата предноста веќе беше 21-14, со што победникот практично беше најавен уште по првите 30 минути.

Во второто полувреме Охрид без поголеми проблеми го одржуваше водството и рутински го приведе натпреварот до крај за нов триумф во шампионатот.

Најефикасен во охридскиот состав беше Дарко Ѓукиќ со десет погодоци, додека кај Бутел Скопје прв стрелец беше Дејан Михајловиќ со пет гола.

Во наредното коло Охрид ќе биде домаќин на Прилеп, додека Бутел Скопје ќе гостува во Струга.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако во рамките на 8. коло на домашен терен со 2:0 ја...

Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34 во натпреварот кој, по договор меѓу двата клуба, наместо во Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар без проблеми го освои Богданци, Младост немоќен за изненадување

Актуелниот шампион Вардар рутински ја заврши задачата против Младост, славејќи со 44-34...

Ракомет

Алкалоид со убедлива партија до трет сезонски триумф!

Алкалоид продолжува со максимален учинок во Супер лигата. Тимот од Автокоманда го...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 со голема победа над Мулти Есенс

Еурофарм Пелистер 2 стигна до првите суперлигашки бодови оваа сезона, откако во...

Ракомет

Еурофарм Пелистер сигурен во Струга за втора суперлигашка победа

Еурофарм Пелистер стигна до вториот триумф во новата сезона од Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!