Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој ниту еден од двата тима не успеа да ја пронајде вистинската формула за триумф. Конечните 0-0 повеќе одговараат на прикажаното на теренот, со оглед на тоа што шанси и возбудувања имаше малку.

За Силекс ова е петти првенствен натпревар во низа без победа, што дополнително ја продлабочува резултатската криза на кратовчани. Тиквеш, од друга страна, ја продолжи позитивната серија и веќе пет кола не знае за пораз.

Првото полувреме мина во претпазлива игра, без сериозни закани кон двата гола. Во текот на 45 минути беше регистриран само еден удар во рамките на голот, а го упати гостинскиот состав. Сепак, голманот Џеков беше на вистинското место и спречи Тиквеш да стигне до водство.

По паузата Силекс се обиде да ја преземе иницијативата и да игра поофанзивно, но најзрелата прилика за погодок повторно ја имаа кавадарчани. Во 72. минута Окере се најде во добра позиција, но не успеа да го совлада домашниот чувар на мрежата.

До крајот Силекс се обидуваше да стигне до победнички погодок, но Тиквеш остана цврст во одбраната, а Стевковски ја заврши својата работа меѓу стативите. И покрај сите обиди, мрежите останаа недопрени.

Со освоениот бод, Тиквеш сега има 13 бодови и е на делба на третата позиција со Шкендија Арачиново. Силекс, пак, со девет освоени бодови ќе преноќи на шестото место на табелата.

Кратовчани ќе мораат да бараат излез од кризата во следните натпревари, додека Тиквеш продолжува да ја гради серијата без пораз.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Младеновски: Вардар е огромен мотив, пред домашната публика ќе дадам сè од себе

Поразот остава разочарување кај екипата на Младост, откако беше блиску до првото сезонско славје, од предност со седум гола до пораз од еден...

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат одиграни утре и три натпревари в недела. Новајлијата Илинден на домашен...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона...

Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!