Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели



Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026, едно од најголемите меѓународни натпреварувања за млади атлетичари, кое од 27 до 30 август се одржа во Брно, Чешка. На натпреварувањето учествуваа повеќе од 3.000 млади атлетичари, а Македонија беше претставена од атлетичари на АК Аеродром Скопје и АК Камјани.

Меѓу македонските претставници со одличен настап се издвојува Антонио Каракабаков од АК Аеродром Скопје, кој на 60 метри истрча 7.88 секунди, што претставува личен рекорд, за 18. место, додека на 300 метри со резултат 40.24 секунди го освои 18. место. Најголемиот успех го оствари во скок во далечина, каде со личен рекорд од 5.79 метри се пласираше на одличното петто место во финалето. Каракабаков настапи и во мешаната штафета 4х300 метри, која оствари време од 2:59.14.

Во составот на АК Аеродром Скопје настапија и Иван Савески и Никола Терзиоски. Савески на 60 метри постигна 8.80 секунди, додека на 300 метри истрча личен рекорд од 43.83 секунди, а беше дел и од мешаната штафета 4х300 метри со резултат 2:59.14. Терзиоски забележа 8.34 секунди на 60 метри, а на 300 метри со време од 42.29 секунди постави личен рекорд.

АК Камјани на EKAG 2026 беше претставен со пет атлетичари, кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини и стекнаа драгоцено искуство во силна меѓународна конкуренција.

Елјана Салаи го освои 36. место на 60 метри во конкуренција на 260 натпреварувачки, додека на 150 метри заврши на 26. место од 241 атлетичарка, при што оствари и победа во својата група.

Дијар Џемаили имаше настапи на 60, 150 и 800 метри. Тој заврши на 33. место на 60 метри, 34. место на 150 метри, додека на 800 метри го освои 16. место, само една позиција зад пласманот во финалето.



Амела Абдији беше 34. на 800 метри, а на 150 метри го освои 120. место.

Одличен настап имаше и Арти Џеладини, кој се пласираше во Б-финалето на 60 метри и на крајот го освои 10. место во конечниот пласман. На 300 метри Џеладини триумфираше во својата квалификациска група, а во конечниот пласман заврши на 12. место од 83 натпреварувачи.

Берина Синани настапи во спринтерските дисциплини, при што ова натпреварување за неа претставуваше значајно искуство и можност за настап на голема меѓународна сцена.



Дополнителна чест за АК Камјани беше изборот на двајца нивни атлетичари да бидат дел од свеченото отворање и церемонијата на носење на факелот, што претставува посебно признание за клубот и неговите млади спортисти.

Настапот во Брно донесе повеќе лични рекорди, високи пласмани и значајно меѓународно искуство за македонските млади атлетичари, кои имаа можност да се натпреваруваат рамо до рамо со повеќе од 3.000 свои врсници од различни земји.



Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!