Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години, кое се одржува во Оберпулендорф, Австрија.
Јанев денеска по повеќе од два часа борба го совлада Финецот Емил Торн со 2-1 во сетови (4-6, 6-4, 7-5), откако загуби во првиот сет, но успеа да направи пресврт и да стигне до значаен триумф.
Во второто коло македонскиот тенисер ќе се соочи со Јакуб Куси од Чешка.
Вчера настап на шампионатот имаше и Ерион Незири, кој беше поразен од Лукас Ериксон од Финска со 2-0 во сетови (7-5, 6-1).
Кај девојките, Мила Јовановски загуби од Елеонора Тонева од Бугарија со 0-2 (4-6, 3-6), додека Ирина Пиштолова беше поразена од Ирката Лидија Бринман со 0-2 (1-6, 4-6).
Македонските претставници ќе имаат настап и во конкуренција на двојки. Јанев и Незири ќе играат против бугарската комбинација Калојан Шиков и Александар Толев, додека Јовановски и Пиштолова за противнички ќе ги имаат Гркинките Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду.