Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со 2-1 го совлада Еуромилк ГЛ. Двата погодоци за охриѓани ги постигна Антонио Кланоски, кој со својата реализација му донесе нови три бода на домашниот тим. За гостинот погоди Димитар Стојановски.

До првата второлигашка победа во новата сезона стигна и Новаци. Тимот со убедливи 3-1 го совлада Детонит Плачковица, со што ја запиша првата победа и тоа преку пресврт.

Емир Шаботиќ во 4. минута донесе предност за радовишани, а по две минути беше 1:1 со голот на Стефан Јовановски. Веќе во 12. минута Новаци направи пресврт преку Никола Талески, кој во второ полувреме погоди за конечни 3:1.

Кожуф, пак, славеше на гостувањето во Кочани, каде со минимални 0-1 го совлада Осогово. За домашниот тим ова е нов неуспех пред своите навивачи, а стрелец на голот беше Сашо Дуков.

Најубедлив триумф забележа Пелистер, кој со високи 0-4 славеше на гостувањето кај Шкупи. Битолчани со оваа победа продолжуваат во победнички ритам и најавуваат сериозен атак на врвот на табелата.

Симеон Христов беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Јорданчо Наумоски и Кире Стојанов.

Вечерва, Беласица игра против Тетекс.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Најдобриот напад против најдобрата одбрана, а Љуботен може да се одлепи на врвот

Тиверија Брера со 48 гола го има најефикасниот напад во лигата, а...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!