Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа во Првата македонска фудбалска лига, откако во драматичен натпревар во Куманово одигра 3-3 против Башкими.

„Црвено-црните“ имаа негатива од два гола, успеаја целосно да го свртат резултатот во своја корист, но во самиот финиш дозволија домашниот тим да стигне до израмнување и да освои голем бод.

Башкими подобро влезе во натпреварот и уште во почетните минути преку Рибеиро двапати се закани кон голот на Вардар, но Давор Талески беше сигурен на голот. Сепак, во 20. минута домашните го отворија резултатот. По корнерот, Фати Исмаили беше највисок во скокот и со удар со глава донесе 1-0.

Башкими продолжи со активна игра и по уште две добри интервенции на Талески успеа да го удвои водството во 27. минута. Антонио Силва Рашид ја искористи украдената топка, излезе сам пред голманот на Вардар, го заобиколи и погоди во празната мрежа за 2-0.

Вардар дури потоа почна посериозно да ја презема иницијативата. Притисокот даде резултат непосредно пред паузата, кога Давид Бабунски реагираше најдобро по една одбиена топка во шеснаесетникот и го намали резултатот на 2-1.

Во второто полувреме шампионот покажа сосема поинакво лице. Вардар ја контролираше играта, создаваше прилики, а главниот човек во големиот пресврт беше Горан Закариќ.

Босанскиот офанзивец во период од само две минути двапати ја затресе мрежата на Башкими. Најпрво, во 70. минута, прецизно шутираше со левата нога и израмни на 2-2. Само две минути подоцна повторно беше во центарот на вниманието, овојпат со удар во подалечниот агол за комплетен пресврт и водство на Вардар од 2-3.

Во тие моменти дојде и до зголемена тензија на трибините, при што беа фрлани предмети кон теренот, но ситуацијата набрзо беше смирена.

Се чинеше дека Вардар ќе успее да го задржи водството и да освои три исклучително важни бода, но Башкими во финишот не се предаде. Нововлезениот Хебиб Саити ја искористи невнимателноста во одбраната на гостите, избега и го совлада Талески за конечни 3-3.

Со ремито, Вардар остана без победа во момент кога можеше значително да ја намали разликата во однос на лидерот. По киксовите на Шкендија, Струга ТЛ и Тиквеш во оваа рунда, триумф во Куманово ќе го донесеше шампионот на само три бода од врвот.

Наместо тоа, Вардар мораше да се задоволи со еден бод, додека Башкими со карактер во завршницата стигна до реми кое има голема тежина за последнопласираниот тим во лигата.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!