Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со минимални 1-0 го совлада дебитантот Камјани во првиот натпревар од петтото коло.

Мрежите мируваа во првото полувреме, а победничкиот момент за домаќините дојде во 70. минута, кога Стефан Темелков го постигна единствениот гол на натпреварот и ги донесе трите бода за Македонија Ѓорче Петров.

Со оваа победа, тимот од Ѓорче Петров ја запиша втората сезонска радост, додека Камјани го претрпе вториот пораз по пет одиграни кола.

Останатите натпревари од оваа рунда ќе се одиграат во текот на утрешниот ден, по што колото ќе биде комплетирано со дополнително закажаниот дуел меѓу Работнички и Брера. Натпреварот е одложен поради настапот на струмичкиот тим во младинската Лига на шампиони.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!