Младински фудбалТрета лигаФудбал

Поранешниот прволигаш Ренова се откажа од натпреварување во Трета лига, фокусот останува на младите категории

Сподели
Сподели

Некогашниот прволигаш Ренова се откажа од натпреварување во Третата македонска фудбалска лига регион 6 и ќе продолжи со натпреварување само со младински категории, односно клубот од Џепчиште нема да биде активен со сениорски тим.

Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот, пред стартот на сезона 2022/2023 се откажа од натпреварување во Првата македонската фудбалска лига и не продолжи со натпреварување во сениорска конкуренција.

Клубот настапуваше две сезони во Трета лига – Запад без да има амбиции за нешто повеќе односно за враќање во Втора лига, а потоа и во Првата македонска фудбалска лига.



Во сезона 2024/2025 Ренова заврши на деветтото место во Трета лига – Запад со 29 бодови, а минатата сезона 2025/2026 одново Ренова заврши на деветтото место, овој пат со 20 бодови на своето конто.

Ренова ќе продолжи да се натпреварува во Втората младинска лига, во Втората пионерска лига – Запад, како и во Втората кадетска лига – Запад.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!