Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со големиот талент Антиан Емини

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Гевгелискиот второлигаш Кожуф има ново засилување за продолжението од сезоната, откако клубот успеа да го договори Антиан Емини.

17-годишниот фудбалер веќе дебитираше за тимот од Гевгелија во Купот на Македонија, кога Кожуф на домашен терен беше елиминиран од Скопје со минимални 0:1.

Фудбалерот од Кичево во тимот на Кожуф доаѓа од редовите на Македонија ЃП, а кариерата ја започна во Ускана, неговиот матичен клуб.

Спортска Мрежа претходно пишуваше за Емини, кој во сезона 2025//2026 во Кадетската супер лига блесна со неверојатни 29 гола во дресот на Македонија ЃП.

Антиан Емини блесна со 29 гола: Бисерот на Македонија ЃП и гордост на кичевска Ускана

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!