Натпреварот од 5. коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Работнички и Брера кој требаше да се одигра в сабота е одложен, поради настапот на струмичкиот клуб во младинската Лига на шампиони.
Овој натпревар ќе добие нов датум за одигрување, а за „романтичарите“ ова значи втор одложен натпревар откако и натпреварот со Тетекс од второто коло им беше одложен поради настап на фудбалери со У-20 репрезентацијата на Македонија на Медитеранските игри во Таранто, Италија.
Брера Струмица по четири кола има три победи и едно реми и со десет бодови е лидер на табелата, а пак Работнички со три одиграни натпревари има шест бодови и се наоѓа на седмото место, но со меч помалку.