Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија одигра храбро, но без сили против моќната Бугарија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленковски загубија од домаќинот Бугарија со убедливи 3:0 во првиот натпревар од групната фаза во Софија.

Македонските одбојкари во текот на целиот натпревар се бореа и покажаа карактер, но против себе имаа исклучително квалитетен противник, кој ја оправда фаворитската улога. Како што и самите најавуваа пред почетокот на шампионатот, Бугарија располага со една од најсилните генерации во својата историја, што го потврди и на теренот.

Домашната селекција го контролираше резултатот во најголемиот дел од натпреварот и го освои првиот сет со 25:17.

Во вториот сет Македонија се обиде да одговори и да го продолжи отпорот, но Бугарите повторно беа подобри во клучните моменти и славеа со 25:19.

Во третиот сет домашните одбојкари ја задржаа контролата и со 25:18 го ставија печатот на конечниот триумф од 3:0.

Најдобар поентер во нашиот состав беше капитенот Никола Ѓоргиев со 8 поени.

За Македонија ова е почеток на уште еден голем европски предизвик, а нашите одбојкари во продолжението од шампионатот ќе имаат можност да го поправат впечатокот и да се борат за што подобар пласман во групата.

Следниот натпревар за нашата селекција е на 11 Септември против репрезентацијата на Украина со почеток од 15:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!