Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло на ВТА 125 турнирот во Анталија, Турција, кој се игра за награден фонд од 115.000 американски долари.

Ѓорческа беше поразена од италијанската тенисерка Аурора Ѕантедески со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:1), по два часа и 15 минути игра.

Македонката одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 6:4. Ѓорческа поведе со 3:0, но Ѕантедески успеа да се врати и да израмни на 3:3, а потоа и на 4:4. Сепак, во десеттиот гем македонската тенисерка направи нов брејк и го освои сетот.

Во вториот сет Ѕантедески веднаш направи брејк и поведе со 1:0, а со уште еден одземен сервис во продолжението стигна до 6:3 и израмнување на 1:1 во сетови.

Италијанката продолжи во ист ритам и во решавачкиот сет. По 1:1 во гемови, Ѕантедески освои пет гема по ред, направи два брејка и со 6:1 го затвори мечот за пласман во следната рунда.

Со пласманот во второто коло Ѓорческа освои 15 ВТА поени.

Македонската тенисерка следната недела продолжува со настапите на ВТА 125 турнирот во Љубљана.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!