Вардар со сигурна победа од 2-0 славеше над Арсими во рамките на шестото коло од Првата македонска фудбалска лига.
Домаќините ја контролираа средбата и со по еден гол во двете полувремиња стигнаа до заслужениот триумф. Закариќ го отвори резултатот и му донесе предност на Вардар, а победата во финишот ја потврди Спахиу, кој ги постави конечните 2-0.
За Вардар ова беше важен триумф и од аспект на табелата, но и поради деби-победата на новиот тренер Миодраг Божовиќ, попознат како Гроф. Искусниот српски стратег на најтрофејниот македонски клуб стартуваше со три бода и позитивен резултат.
По шест одиграни кола, Вардар сега има 10 бодови и се искачи на четвртата позиција, со ист број бодови како Шкендија Арачиново. Арсими, пак, останува без нови бодови по ова гостување.