Прва лигаФудбал

Струга со минимална победа над Силекс, лидерот Шкендија сега е на само два бода

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум продолжува со позитивните резултати во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен минимално со 1-0 го совлада Силекс во натпреварот од шестото коло.

Човек на одлука покрај Охридското Езеро беше Ласана, кој го постигна единствениот погодок на натпреварот и ѝ донесе нови три бода на својата екипа.

Со овој триумф Струга продолжува да го следи лидерот Шкендија и сега има само два бода помалку од тетовскиот состав, што дополнително ја зголемува неизвесноста во врвот на прволигашката табела.

Силекс, пак, останува на седум освоени бодови и моментално се наоѓа на седмата позиција. Кратовчани во следното коло ќе имаат нова можност да стигнат до триумф и да се искачат на табелата.

За Струга, минималната победа е уште една потврда на одличната форма во досегашниот дел од сезоната и на амбициите за висок пласман.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!