Ракомет

Неверојатна драма во „Билјанини Извори“: Еурофарм Пелистер во самиот финиш до бод против Охрид

Сподели
Сподели

Без победник заврши драмата меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер откако двете екипи ремизираа играјќи 28:28.

Натпревар каде во првиот дел Еурофарм Пелистер имаше гол предност постојано, а во вториот дел Охрид беше во постојана позитивна гол разлика.

Првото коло од новата сезона на ракометната Супер лига го донесе дербито меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер кое се играше во преполната сала „Билјанини Извори“, во неверојатна атмосфера проследена со верните „Рибари“ и „Чкембари“.

Натпреварот во текот на целото прво полувреме се играше егал – игра гол за гол. Битолчани беа со гол предност, а Охриѓани бркаа гол негатива. Прва предност од два гола Еурофарм Пелистер имаше во 16. минута кога од 6:6 резултатот беше 6:8 со головите на Кузмановски и Видомски.

Прва предност Охрид имаше во 20. минута кога водеше со 10:9 со гол на Јошида, а потоа и со 11:10 со голот на Ивановиќ, а потоа гостинот дојде до нова предност од 12:13 што нудеше неверојатна атмосфера во салата покрај Охридското Езеро.

При 13:13 стратегот на „гладијаторите“, Борис Ројевиќ, побара тајм-аут, не успеа да реализира напад за гол, а не успеа да реализира ниту противникот по одбраната на Бојан Блажески, но на следниот напад реализираше Ник Хенингман на 30 секунди пред крајот на првиот дел за водство на Еурофарм Пелистер од 13:14.

Неверојатната навивачка атмосфера продолжи и за време на полувреме приредена од верните „Рибари“ и „Чкембари“.




На стартот од вториот дел експлодира атмосферата откако Охрид поведе со 17:16 со голот на Џукуќ, а битолчани само по трет пат во мечот бркаа негатива од еден гол, а потоа следуваше „ладен туш“ во „жешката“ сала откако Зечевиќ погоди за прво водство на Охрид од плус два за 18:16 и тоа со играч помалку откако Савревски доби две минути.

Битолчани успеаја да израмнат при 19:19, но Охрид не дозволуваше противникот да направи пресврт и ја чуваше предноста од еден гол.

Атмосферата беше исклучено вжештена на осум минути до крајот кога кај Охрид беа исклучени Иванковиќ и Савревски, а кај Еурофарм Пелистер беа исклучени Хенигман и Кузмановски.

Во 56. минута од средбата со голот на Атанасијевиќ битолскиот тим дојде до предност од 25:26, по што Ројевиќ свика тајм-аут. Следуваше израмнување преку голот на Мате од седум метри за 26:26.

Последната минута беше вистинска драма кога Охрид имаше гол предност при 28:27 со реализација на Мате, на неколку секунди пред крајот Атанасијевиќ погоди за конечни 28:28 и делба на бодовите.

Мате со 11 голови беше прво име кај Охрид, а кај Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски имаше десет реализации. Домашниот голман Славиќ имаше пет одбрани, а Митревски исто така имаше пет интервенции.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!