Новаци доживеа нов пораз откако во рамки на 4. коло на Втора лига загуби од Камјани, а херој на мечот беше Даут Даути.
Охрид славеше висока победа од 0:3 над Тетекс со головите на Дамјан Масевски, Валентин Кочоски и Марко Николовски.
Детонит Плачковица со 2:1 пред домашната публика славеше над Осогово со погодоците на Тино Спасиќ и Стефан Бабунски, а за гостинот од Кочани погоди Филип Јованов.
Еуромилк ГЛ конечно се израдува на победа откако со 4:0 славеше над Шкупи. Филип Радески го отвори резултат, а во вториот дел стрелци беа Орхан Мифтари и Никола Анчевски со два гола.
Нов кикс на Беласица откако одигра 2:2 во Гевгелија со Кожуф. За гостинот од Струмица стрелци беа Давид Стојков и Александар Милушев, Давид Стојков си постигна и автогол, а Филип Тодоровски стрелаше за Кожуф.
Утре, Брера игра дома со Македонија ЃП, а Пелистер со Работнички.