Ракомет

Лиапис најавува битка со Е.Пелистер: „Ќе се бориме за секоја топка!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По успешниот почеток на сезоната и големите амбиции, ГРК Охрид го очекува првиот сериозен предизвик во Супер лигата. „Гладијаторите“ во првото коло, на домашен терен го пречекуваат Еурофарм Пелистер, во натпревар кој носи големо значење уште на стартот на шампионатот.

Охриѓани добро знаат каков противник ги очекува во „Билјанини извори“. Пелистер е состав со квалитет и високи амбиции, но домашниот тим верува дека со максимална борбеност и поддршка од трибините може да стигне до посакуваниот резултат.

Николаос Лиапис пред дербито потенцира дека целта на Охрид е јасна – победа пред своите навивачи. Грчкиот ракометар очекува тежок натпревар, во кој секоја топка ќе има голема важност.

„Сакаме да победиме на домашен терен. Натпреварот е многу е важен за нас. Знаеме дека Пелистер е силна екипа и дека ќе биде многу тешко. Ќе се бориме за секоја топка и со поддршката од нашите фанови оваа победа ќе биде наша.“- изјави Лиапис.

ФОТО: ГРК Охрид

Дербито меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер е закажано за утре (6 септември) од 19:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“. Домашната атмосфера и поддршката од трибините ќе бидат дополнителен мотив за „гладијаторите“ во битката за првите бодови во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!