ГРК Охрид вечерва го одработи единствениот тренинг во Гевгелија пред утрешната пресметка со Вардар за Супер Куп трофејот.
„Гладијаторите“ го почувствуваа теренот во салата „26 Април“, каде што утре ќе се одигра големата битка за првиот пехар во новата сезона. Последниот тренинг беше искористен за финализирање на подготовките и адаптација на условите во салата пред официјалниот старт на сезоната.



За Охрид и Вардар ова ќе биде трета меѓусебна пресметка во претсезонскиот период. Ривалите веќе се сретнаа на турнирите во Струга и Охрид, а во двата наврати славеа охриѓани.
Сепак, утрешниот натпревар носи многу поголем влог, бидејќи победникот ќе го подигне Супер Купот и ќе ја отвори сезоната со трофеј.




Мечот е закажан за 19:00 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија, а арбитражата им е доверена на Исмаил Металари и Ненад Николовски.