Ракомет

Вардар со нов капитен пред стартот на сезоната!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

РК Вардар влегува во новата сезона со промена во лидерската структура на тимот. „Црвено-црните“ одлучија капитенската лента да му ја доверат на голманот Васил Гогов, кој со години е дел од клубот.

Гогов е играч кој својата кариера ја градел во вардаровата средина, а долгогодишната посветеност кон клубот сега добива и официјална потврда преку една од најодговорните улоги во екипата. Како капитен, тој ќе треба да биде лидер на составот и на теренот и надвор од него, но и пример за останатите соиграчи.

За негов заменик е избран Јака Малус, искусниот словенечки ракометар кој е меѓу важните фигури во тимот и во новата сезона ќе има значајна улога во играта на Вардар.

Од клубот потенцираат дека капитенската лента носи голема чест, но и одговорност, верувајќи дека Гогов со својата посветеност и однос кон Вардар ќе ја оправда довербата.

„Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната“, порачаа од Вардар.

Со новото капитенско дуо, Вардар ја започнува сезоната со амбиции за нови предизвици и борба за трофеи.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на Санта Колома во меч на тотална доминација за следна фаза од...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Поврзани написи
Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!