Прва лигаФудбал

Данев: Тиквеш е квалитетен, но ние во Кавадарци одиме на победа!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Вардар го остави зад себе лошиот период и во минатото коло стигна до важна победа над Силекс на домашен терен. Сепак, за актуелниот шампион нема многу време за одмор, бидејќи денеска го очекува нов предизвик.

„Црвено-црните“ гостуваат во Кавадарци, каде ќе ги одмерат силите со Тиквеш, тим против кој традиционално имаат позитивен биланс. Вардар ќе сака да ја продолжи победничката серија и со нови три бода да остане во чекор со конкурентите за врвот.

За избраниците на Вардар победата е императив, особено по стартот на сезоната во кој веќе загубија неколку важни бодови. Секое ново киксирање би можело дополнително да ја зголеми разликата во однос на конкурентите, уште во раната фаза од шампионатот.

„Работевме напорно изминативе денови и фокусирани сме на натпреварот со Тиквеш. Ова е многу важен меч за нас, затоа што по триумфот над Силекс сакаме да фатиме победнички ритам. Ќе сториме сѐ да ги освоиме трите бода во Кавадарци, иако знаеме дека Тиквеш игра квалитетно пред своите гледачи. Сепак, ние веруваме во нашите способности и одиме на победа“, порача Данев.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Вардар е закажан за 17 часот и ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци. Главен судија на мечот е Александар Грујоски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа,...

Втора лигаФудбал

Охрид прв, но Работнички има натпревар помалку: Трката за есенски шампион во ВМФЛ е неизвесна

Охрид го задржа првото место, Пелистер остана веднаш зад него, а Работнички...

ИнтернационалциФудбал

Димитриевски ја сочува победата во Елче — пред Валенсија сега е тежок меч со Реал Мадрид

Столе Димитриевски со интервенција во судиското продолжение помогна Валенсија да освои значајни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!