Останато

Јанта Волеј КВ е есенски шампион, Работнички е втор, на дното е Ускана!

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Во есенската полусезона од Првата женска одбојкарска лига се одиграа 14 кола, а есенски шампион е екипата на Јанта Волеј КВ која има 13 победи и еден пораз и вкупно 38 бодови на своето конто.

На второто место заврши екипата на Работнички која има бод помалку односно 37 бодови, додека пак екипата на Наковски Волеј ќе презими на третото место со 32 освоени бодови.

Фит Фан Волеј се позиционираше на 4. место со 20 бодови, па следува Вардар ЕМ со 17 бодови и штипски Младост УГД кој е шестти со 16 бодови. Екипата на Струмица Жени е на 7. место со шест бодови, а на дното е Ускана со два бодови и без ниту една победа.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА:
Позиција Клуб Вкупно Поб. Пор. Бодови Доб. Изг.
1 Јанта волеј – КВ 14 13 1 38 40 11
2 Работнички Скопје 14 13 1 37 41 9
3 Наковски волеј 14 10 4 32 35 14
4 Фит фан волеј 14 7 7 20 23 26
5 Вардар ЕМ 14 6 8 17 21 27
6 Младост УГД 14 5 9 16 22 27
7 Струмица жени 14 2 12 6 7 36
8 Ускана 14 0 14 2 4 42

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!