Трета лигаФудбал

Формиран новиот клуб ГФК Победа, ќе игра во Трета лига регион 4

Сподели
Сподели

Клубот е создаден со јасна визија и цел повторно да се изгради силен фудбалски колектив кој со гордост, посветеност и амбиција ќе го претставува градот.

Идејата за формирање на клубот е иницирана од Робертино Илиоски, кој ќе ја извршува функцијата претседател на ГФК Победа. Во раководната структура како членови се именувани Игор Стеванов, Роберт Талески, Валентин Колевски и Иванчо Младеновски, кои заедно со Илиоски ќе го поставуваат темелот на новиот прилепски фудбалски проект.

На чело на стручниот штаб ќе биде Филип Мирчевски, кој ќе има задача да го предводи тимот и да ја постави играчката и спортската визија на клубот.

Посебен акцент ќе биде ставен и на младинскиот погон. Тони Наумоски ќе биде задолжен за регрутација и развој на младите категории, со посебен фокус на пионерите и кадетите. Во рамки на клубот ќе бидат вклучени и младите фудбалери од генерациите 2010, 2011 и 2012, кои ќе добијат можност да се натпреваруваат, да се развиваат и во иднина да бидат основата на сениорскиот тим.

ГФК Победа уште од самиот почеток најавува проект кој нема да биде насочен само кон резултатите, туку и кон создавање сопствена база на млади и перспективни фудбалери. Целта е постепено да се гради стабилен клуб кој ќе има препознатлив идентитет и ќе биде достоен претставник на прилепскиот фудбал.

Новоформираниот ГФК Победа својата прва сезона ќе ја започне во Третата македонска фудбалска лига, од каде што ќе го започне патот кон остварување на амбициите и повторно враќање на Прилеп меѓу фудбалските центри во Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!