Кошарка

Кошаркарките на Крива Паланка се есенски шампиони: Доминација на секој натпревар!

Сподели
Сподели

Екипата на Крива Паланка е есенски шампион во Првата А кошаркарска лига на Македонија, откако кошаркарките доминираа на теренот на секој натпревар забележувајќи огромни победи, а најголема победа е онаа над актуелниот шампион Баскет Кам со резултат од 70:54.

Кошаркарките на Крива Паланка во првото коло во Делчево го декласираа Патриот со 86:112, а веќе во второто коло на домашен терен со 117:45 беа пресилни за тимот на Пробаскет од Кавадарци.

Во третото коло следуваше неизвесен и тежок меч, откако Крива Паланка со 96:98 однесе победа над Вардар на гостински терен, а во 4. коло Крива Паланка беше слободна.

Во рамки на 5. коло Крива Паланка ја забележа најголемата победа, можеби резултска не, но победата беше над актуелниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица со 70:54, а пак во следното коло односно 6. коло следуваше победа над МЗТ Скопје Аеродром со 68:104, ап ак во 7. коло Крива Паланка со 101:72 го декласираше Бадел за успешна есенска полусезона.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА КОШАРКАРСКА ЛИГА:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 Крива Паланка 6 6 0 602 421 181 12
2 Баскет Кам 2011 6 5 1 466 338 128 11
3 ЖКК Бадел 1862 6 4 2 431 405 26 10
4 ЖКК Вардар 6 3 3 437 402 35 9
5 Патриот 2016 6 2 4 403 473 -70 8
6 ЖКК МЗТ Скопје Аеродром 6 1 5 384 456 -72 7
7 Пробаскет Кавадарци 6 0 6 305 533 -228 6

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со натпревар кој понуди неизвесност до самиот крај. Во салата „Ристе Ристески...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!