Кошарка

Дарко Најдовски ја заврши играчката кариера и започнува нова – тренерска!

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

Довчерашниот капитен на КК Пелистер, Дарко Најдовски, стави крај на својата играчка кариера и започнува ново поглавје – тренерската кариера.

 Поранешниот лидер одлучи новата сезона да ја дочека во нова улога. Најдовски ќе се приклучи кон стручниот штаб предводен од Тане Спасев, каде заедно со Владимир Николовски ќе ја извршува функцијата асистент-тренер.

Со овој потег КК Пелистер продолжува да им дава шанса на млади и перспективни тренери, во кои клубот има целосна доверба. Богатото играчко искуство на Најдовски се очекува да биде од голема помош за стручниот штаб, но и за младите кошаркари кои допрва треба да се наметнат во сениорскиот тим.

Од Пелистер веруваат дека неговото знаење, искуство и познавање на клубот ќе помогнат во развојот и откривањето на нови таленти, кои во иднина треба да го носат товарот во сениорската екипа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Поврзани написи
Кошарка

Атанасов: Целта е победа на секој натпревар и атак на секој трофеј

По првата недела од подготовките, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, даде...

Кошарка

Мирковски: Целта е јасна – да го вратиме Работнички на врвот!

Кошаркарскиот клуб Работнички со големи амбиции ја очекува новата сезона, а шефот...

Кошарка

Капитенот Никола Караколев останува во Соколи

Кошаркарскиот клуб Соколи и капитенот Никола Караколев ја продолжија соработката и за...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!