Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што речиси целото второ полувреме го одигра со играч помалку. Капитенот на Брера, Зоран Ивановски, заработи втор жолт картон, но струмичани успеаја да го одбранат својот гол и да останат непоразени.
До првата сезонска победа стигна Кожуф, кој на домашен терен со 2-0 го совлада Шкупи. За тимот од Гевгелија ова е прв триумф во новата сезона, додека Шкупи, по испаѓањето од Првата лига минатата сезона, го претрпе и вториот пораз во второлигашката конкуренција.
Марио Симоноски и Христијан Бејков беа стрелци на головите.
Историски ден имаше и Камјани. Дебитантот во Втората лига ја запиша првата победа во својата историја во ова натпреварување, откако со 2-1 славеше над Осогово.
Бесарт Реџеп и Арсим Љамалари беа стрелци за Камјани, а за “жетварите” погоди Мартин Ацески.
Минимална победа, пак, забележа Беласица, која со 1-0 беше подобра од Новаци и ги освои трите бода на ова гостување. Херој беше Горан Томовски во 90. минута.
Победа од 0:1 славеше и Македонија ЃП над Еуромилк, стрелец беше Стефан Темелков.
Мечот меѓу Детонит Плачковица и Охрид, како и Тетекс – Работнички ќе се игра на 24 септември за комплетирање на 2. коло на ВМФЛ.