МагазинФудбалФутсал

ВИДЕО: „Судиско продолжение“ – нова емисија на Спортска Мрежа посветена на македонскиот фудбал

Сподели
Сподели

Спортска Мрежа започнува со нова спортска емисија – „Судиско продолжение“, која ќе ги носи најинтересните случувања од македонскиот фудбал и футсал, низ анализа, статистика, коментари и дебата.

Во фокусот на емисијата ќе бидат Првата, Втората и Третата македонска фудбалска лига, но и Првата и Втората женска фудбалска лига, како и Првата и Втората футсал лига.

Во секое издание ќе се навраќаме на најважните моменти од изминатото коло – резултатите, формата на екипите, играчите кои оставиле впечаток, интересните статистички податоци, но и темите кои предизвикале најмногу внимание.

Посебен дел од емисијата ќе биде резервиран за гости од македонскиот фудбал, со кои ќе разговараме за актуелностите, ќе анализираме натпревари и ќе отвораме теми за кои вреди да се дебатира.

„Судиско продолжение“ ќе донесе и свои рубрики, статистички прегледи, избор на играч на колото, тим на колото, интересни факти и анализи на најважните моменти од терените.

Името на емисијата не е случајно – кога ќе заврши последниот свиреж, започнува нашето „судиско продолжение“.

Првата епизода наскоро на YouTube каналот на Спортска Мрежа.

Продолжува Спортска Мрежа под своето мото од 2016 година – Македонскиот спорт на едно место…

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!