Трета лигаФудбал

ФОТО: Нови столчиња за стадионот „Кукуш“ во Турново за уште подобри услови

Сподели
Сподели

Фудбалскиот стадион „Кукуш“ во Турново добива ново освежување, откако на трибините се поставени нови седишта, со што дополнително се подобруваат условите за гледачите и целокупниот изглед на спортскиот објект.

Поставувањето на столчињата е дел од активностите за уредување и обновување на стадионот, кој во изминатиот период добиваше нов лик и во останатите сегменти. Покрај теренот, се работи и на инфраструктурата, односно на соблекувалните, бањите, трибините и придружните простории.

За новото уредување се огласи и градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, кој ја истакна поддршката од ФФМ и ОФС Струмица.

„Поставени се седишта на фудбалскиот стадион „Кукуш“ во Турново. Општина Босилово со благодарност до ФФМ и ОФС Струмица за донацијата и поддршката. Спортската инфраструктура е исклучително важна за развојот на спортот во нашата општина. Стадионот „Кукуш“ во Турново има фудбалски терен по сите стандарди. Периодов се гради и обновува и останатата логистика и инфраструктура (соблекувални, бањи, трибини). Наредниот период ќе гледаме убави и важни фудбалски натпревари на овој стадион. До крајот на Август, ќе бидат поставени и столчињата во Радово. Се гледаме на стадионот „Кукуш“ во Турново“, рече градочалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.

Стадионот „Кукуш“ веќе располага со терен кој ги исполнува стандардите за одигрување меѓународни натпревари, а дополнителното уредување на инфраструктурата создава уште подобри услови за спортски настани.

На теренот своите натпревари ги игра Хоризонт Турново, некогашниот македонски вицешампион, а стадионот во изминатиот период беше користен и за репрезентативни натпревари, вклучително и елитни квалификации за Европско првенство до 17 години и натпревари од квалификациски турнир во женска конкуренција.

Со новите седишта и продолжувањето на работите околу инфраструктурата, „Кукуш“ чекор по чекор добива уште помодерен и пофункционален изглед, со амбиција Турново да биде домаќин на значајни фудбалски натпревари и во иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!