Прва лигаФудбал

Башкими со нов тренер ќе бара прва победа: Шабан Сулејмани промовиран во кумановскиот прволигаш

Сподели
Сподели

Башкими неочекувано рано направи промена на тренерската позиција, откако по само две кола од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, клубот од Куманово ја прекина соработката со Гајур Реџепи и го назначи Шабан Сулејмани за нов шеф на стручниот штаб.

Од клубот потврдија дека е постигнат договор со Сулејмани, кој во изминатиот период работеше како помошник-тренер во Работнички. За новиот стратег ова ќе биде нов предизвик во кариерата, а во стручниот штаб носи искуство стекнато во повеќе македонски и странски средини.

Сулејмани претходно работеше во косовска Лирија од Призрен, каде што имаше значаен придонес во пласманот на екипата во Суперлигата. Беше дел и од стручните штабови на Беса Добридол, Гостивар и Шкендија Арачиново, а последниот ангажман му беше во Работнички.

Назначувањето на новиот тренер доаѓа по исклучително лошиот старт на Башкими во елитното друштво. Кумановскиот прволигаш сезоната ја отвори со тежок пораз од 6:0 на гостувањето кај Силекс во Кратово, а проблемите продолжија и на домашен терен, каде што Башкими загуби со убедливи 0:5 од Тиквеш.

Таквиот почеток донесе тренерска смена уште по две одиграни кола, а пред Сулејмани сега стои сериозна задача – да го стабилизира тимот, да ја подигне атмосферата и што е можно побрзо да го пронајде патот до првите бодови во сезоната.



Од Башкими му посакаа добредојде на новиот тренер и успешна соработка, додека досегашниот стратег Гајур Реџепи доби благодарност од клубот за придонесот и му беа посакани многу успеси во продолжението на кариерата.

Сулејмани го очекува многу работа, бидејќи Башкими мора брзо да ја пронајде потребната резултатска стабилност. Следниот период ќе биде важен тест за новиот тренер, кој ќе има задача да го подигне тимот и да стигне до првиот позитивен резултат и првите бодови во македонската фудбалска елита. Во рамки на третото коло Башкими ќе гостува во Гостивар кај Арсими, а тој меч се игра веќе в петок.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!