Останато

Стефан Лазаров со поддршка за МОК и македонската делегација во пресрет на XX Медитерански игри – Таранто 2026

Сподели
Сподели

Македонските спортисти кои ќе ги бранат боите на Македонија на XX Медитерански игри – Таранто 2026 добиваат дополнителна поддршка во пресрет на еден од најзначајните спортски настани во регионот.

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Стефан Лазаров ја официјализираа соработката, преку која познатиот јутјубер и креатор на дигитални содржини ќе даде свој придонес во активностите поврзани со промоцијата на македонската делегација и настапот на претстојните Медитерански игри.

Како дел од соработката, Лазаров веќе започна со споделување содржини на своите социјални мрежи поврзани со македонската делегација и настапот во Таранто, со цел спортските приказни, подготовките и патот на нашите спортисти до големиот спортски настан да бидат поблиску до пошироката јавност.

Истовремено, тој ќе биде дел од македонската делегација во Таранто, каде преку своите канали ќе ја пренесува атмосферата од игрите, моментите поврзани со настапите и случувањата околу нашиот тим.

Лазаров својата поврзаност со спортот ја гради уште од најмладите години, кога до неговата 18-годишна возраст, професионално се занимаваше со фудбал, а спортската приказна ја продолжува и денес преку неговиот активен животен стил, редовното спортување и промовирањето на здрави навики и физичка активност преку неговите канали и јавни настапи.

Во изминатиот период, преку своето јавно делување, тој покажа поддршка за иницијативи поврзани со спортот, хуманитарните активности и промоцијата на позитивни животни вредности. Неговата комуникација со младата публика претставува дополнителна можност спортските вредности, како што се посветеноста, истрајноста и тимскиот дух, да бидат поблиску до младите генерации.

На XX Медитерански игри – Таранто 2026, Македонија ќе настапи по четврти пат како независна држава на ова големо спортско натпреварување, со една од најбројните делегации досега, составена од околу 130 учесници кои ќе се натпреваруваат во 19 спортови.

Од првиот настап како независна држава до денес, македонските спортисти освоија 14 медали на Медитеранските игри – три златни, две сребрени и девет бронзени. Сите медали се освоени во индивидуални спортови, а најголем број од нив доаѓаат од борење, карате, таеквондо и бокс. Со новиот настап во Таранто, македонските спортисти ќе имаат можност да ја продолжат оваа традиција и со гордост да ги претставуваат македонското знаме и спортските вредности.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Сакаме да завршиме како трети во групата, и пред нашата публика да прикажеме брза и атрактивна кошарка

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по големата победа над Швајцарија на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Фантастичен пресврт на кадетите: Македонија од -21 до голема победа над Швајцарија!

Македонските кадети славеа голема победа над Швајцарија со 89:76, иако во еден момент имаа негатива од дури 21 поен. Со фантастично второ полувреме...

Поврзани написи
Останато

Дарио Ивановски единствен македонски атлетичар на Европското првенство во Бирмингем

Од денеска до 16 август во Бирмингем, Обединетото Кралство, се одржува Европското...

Останато

Македонските тенисери со пехарите во конкуренција на двојки на Neocom Open 2026

На терените на ТК Југ се одржува младинскиот тениски турнир „Neocom Open...

Останато

ФОТО: Историски успех за македонското џиу-џицу: Катерина Ацевска е светска вицешампионка!

Македонското џиу-џицу доби уште една голема причина за гордост. Катерина Ацевска испиша...

Останато

(ФОТО) Отворен Јуниорскиот Европски џудо куп – Скопје 2026

Вчера во Скопје свечено беше отворен Јуниорскиот Европски џудо куп – Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!