Прва лигаФудбал

Тиквеш се засили со 20-годишниот Мухамед Елмас

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

ГФК Тиквеш продолжува со засилувањето на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во редовите на кавадаречкиот прволигаш е 20-годишниот Мухамед Елмас.

Елмас во Тиквеш пристигнува од редовите на Македонија ЃП, а во досегашната кариера има настапувано и за Работнички и Гостивар. Станува збор за млад и перспективен фудбалер, кој во Кавадарци доаѓа со желба за нов предизвик и можност за дополнителен развој.

Дваесетгодишниот фудбалер зад себе веќе има искуство во македонскиот фудбал, а трансферот во Тиквеш ќе биде нова можност за него да се наметне во тимот и да покаже дека може да биде важен дел од составот.

Од клубот истакнаа дека Елмас е млад, амбициозен и мотивиран, со јасна желба да се докажува и да напредува, но и да даде свој придонес во амбициите на Тиквеш во новата сезона.

Со ангажманот на Елмас, кавадаречкиот клуб продолжува да го формира составот со комбинација од искусни и млади фудбалери, кои треба да одговорат на предизвиците што ги носи новата сезона.

Во првите две кола Тиквеш има одличен старт со 2 победи над Арсими и Башкими.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!