Прва лигаФудбал

Вардар и тренерот Кристијан Фабијани спогодбено се разделија

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Прволигашот Вардар остана без тренерот Кристијан Фабијани, откако клубот и аргентинскиот стратег спогодбено го раскинаа договорот.

Фабијани пристигна во Вардар со големи амбиции, но неговата мисија на клупата на „црвено-црните“ не траеше долго. Аргентинецот го презеде тимот на местото на Гоце Седлоски, но не успеа да ги исполни поставените цели.

По елиминацијата од европските натпреварувања, Вардар вчера го претрпе и поразот во скопското дерби против Шкендија со 0:2, што дополнително ја влоши ситуацијата околу тимот.

По овој резултат дојде и до разделба со Фабијани, кој повеќе нема да го предводи Вардар. Клубот во периодот што следува ќе мора да најде ново тренерско решение и да се обиде да ја стабилизира екипата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!