Прва лигаФудбал

Рамани пред дербито со Вардар: Екипата е подготвена, одиме само на победа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Меѓу двата настапи против шкотскиот Хибернијан во третото квалификациско коло од Лигата на конференции, тетовска Шкендија се враќа на обврските  во домашното првенство каде ја очекува големото дерби од второто коло во Првата лига, против актуелниот шампион, Вардар.

По враќањето од Шкотска, „црвено-црните“ од Тетово имаа на располагање два дена за максимална подготовка пред овој натпревар. Голманот на Шкендија, Ферат Рамани, ја потврди високата подготвеност на целиот тим за неделниот дерби-дуел во Скопје.

„Секогаш сме максимално подготвени и за нас секој натпревар има исто значење. На секој терен излегуваме со една единствена цел – да победиме. Без разлика кој е од спротивната страна, ги следиме замислите на шефот на стручниот штаб и на теренот го даваме последниот атом од силата,“ истакна Рамани.

Младиот чувар на мрежата верува во уште едно позитивно издание на тимот, иако признава дека згуснатиот распоред и заморот од патувањата можат да бидат сериозен противник за тетовци.

„Како и секогаш, одиме само на победа, ништо друго. Екипата е подготвена. Иако чувствуваме малку замор од патувањето и силниот ритам, тоа е фудбалот – подготвени сме за секој предизвик. Утре одиме без калкулации по сите три бода,“ порача Рамани.

Пред овој голем дерби-пресметка, Шкендија се соочува со дури четири значајни отсуства. Во комбинација за тимот нема да бидат првиот голман Бабукар Гаје, дефанзивецот Бојан Димоски и напаѓачот,  Себастијан Спахиу. Дополнителна грижа е и состојбата со голманот Астрит Амзаи, кој сè уште се рехабилитира од физички проблеми и неговиот настап е под голем знак прашалник.

Големото дерби на второто коло, Вардар – Шкендија, ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 17:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку значајни одлуки, меѓу кои и новата стратегија за развој на македонскиот...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Одлуки на дисциплинска комисија на ФФМ: Тримесечна суспензија за Туриманџов, казни и за Работнички и Аресими

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе нови одлуки за...

Прва лигаФудбал

Тиквеш може да ја прескокне Шкендија: Две гостувања го ставаат врвот на ПМФЛ на испит

Петнаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига носи директна пресметка за второто...

Втора лигаФудбал

Осогово на бод до Новаци: полесен распоред за домаќинот на Шкупи, потежок пат за „жетварите“

Еден бод ги дели Новаци и Осогово пред последното есенско коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!