Прва лигаФудбал

Талески пред дербито со Шкендија: Ние сакаме да покажеме зошто сме шампиони

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Актуелниот македонски шампион Вардар и вицепрвакот Шкендија уште во второто коло од новата сезона ќе ги одмерат силите во првото големо дерби.

Националната Арена „Тодор Проески“ денеска од 17:00 часот ќе биде местото на големата пресметка меѓу двата најсериозни кандидати за шампионската титула. Вардар влегува во дуелот како бранител на трофејот, додека Шкендија со амбиција да го врати шампионскиот пехар во Тетово.

Посебен мотив во овој натпревар ќе има и голманот на Вардар, Давор Талески, кој во минатото го носеше дресот на Шкендија. Сега како чувар на мрежата на „црвено-црните“, Талески очекува вистинско дерби и најавува максимален ангажман од својот тим.

„Нѐ очекува дерби натпревар против Шкендија веќе во второто коло. Се подготвувавме добро во текот на целата недела и се надеваме дека ќе се покажеме во вистинско светло. Имаме респект за Шкендија, која има одличен тим, но ние сакаме да покажеме зошто сме шампиони“, изјави Давор Талески.

Дуелот на Арената „Тодор Проески“ ќе започне во 17:00 часот, а главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски.

Двете екипи со дербито ќе имаат можност уште на самиот почеток од сезоната да испратат порака до конкуренцијата во борбата за шампионската круна.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со 0:13 го декласираше третолигашот Крошу Спорт...

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!