Кошарка

Американецот Камрон МекДауел е новото засилување на КК Пелистер

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

КК Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на битолскиот клуб е американскиот бек-шутер Камрон МекДауел.

Станува збор за 23-годишен кошаркар висок 196 сантиметри, кој зад себе има одлична колеџ кариера и во Битола пристигнува со улога да биде еден од лидерите на тимот.

Во текот на пет сезони во американската колеџ лига, МекДауел одигра 92 натпревари на кои постигна 1.519 поени, а забележа и 317 скокови и 184 асистенции. Неговиот просек изнесува 16,5 поени, 3,4 скока и две асистенции за 26,8 минути поминати на теренот.

Најдобрата сезона ја имаше во 2024/25, кога во дресот на Нортвестерн Оклахома Стејт бележеше импресивни 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции по натпревар.

МекДауел беше дел од НБА драфтот во 2025 година, но потоа се врати во универзитетската кошарка, каде повторно имаше одлични настапи. Во тимот на Тарлетон беше меѓу најдобрите стрелци во лигата, а со своите игри заслужи место во двете најдобри петорки на шампионатот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!