Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен го засили тимот со интернационални имиња пред новата сезона во ПЖФЛ

Сподели
Сподели

Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија, ЖФК Љуботен, продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона. Тетовскиот клуб официјално ги претстави четирите нови засилувања кои ќе го носат сино-белиот дрес и ќе бидат дел од амбициозниот проект на клубот.

Ново име во редовите на Љуботен е 21-годишната Габријела Јовиќ, која пристигнува од српскиот Спартак Суботица. Станува збор за универзална фудбалерка, која со своето искуство, квалитет и тактичка разновидност треба да биде значајно засилување за тимот.

Во офанзивниот дел од составот ќе конкурира и 18-годишната Калина Попески, која доаѓа од Црвена Звезда. Младата напаѓачка важи за голем талент, а од клубот веруваат дека со својата брзина и потенцијал ќе претставува инвестиција во иднината и дополнителна сила во нападот.

Од АС Јунајтед пристигнува и Едина Сулејмани, 21-годишна централна дефанзивка која кариерата ја започна токму во струшкиот клуб. За Сулејмани ова е првиот трансфер во кариерата, а во Љуботен доаѓа како борбена, дисциплинирана и мотивирана фудбалерка од која се очекува да внесе сигурност и стабилност во последната линија на тимот.

Меѓу стативите, пак, конкуренцијата ќе ја засили 22-годишната Халиме Имери. Таа својата кариера ја започна во ЖФК Тетово 2017, а во меѓувреме настапуваше и за Шкендија, Вардар и последно за ЖФК Скопје, со што зад себе има солидно искуство во македонскиот женски фудбал.

Од таборот на Љуботен истакнуваат дека секоја од новите фудбалерки носи различна приказна, но сите имаат иста цел – да придонесат во остварувањето на високите амбиции на клубот во претстојната сезона. Во тетовскиот состав веруваат дека нивниот квалитет, карактер и посветеност ќе бидат значаен фактор во борбата за нови успеси.

Со овие четири засилувања, Љуботен јасно покажува дека сериозно се подготвува за новите предизвици и дека има намера повторно да биде меѓу главните конкуренти во македонскиот женски фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!