Турнири

Фреигхт Оне е шампион на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, второ место за Вила Клепало

Сподели
Сподели

Екипата на Фреигхт Оне е големиот победник на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, откако во спектакуларното финале, одиграно пред повеќе од 1.500 гледачи, славеше со 2-1 против одличната екипа на Вила Клепало.

Финалниот натпревар ги оправда очекувањата и донесе голема борба, неизвесност и одличен фудбал. Прва до предност стигна Вила Клепало, кога Христијан Чукарски ја затресе противничката мрежа за 1-0, резултат со кој се замина и на полувремето.

Во продолжението следуваше пресвртот на новиот шампион. Најпрво Александар Коцев со атрактивен погодок израмни на 1-1, а кога сите очекуваа пенали, Андреј Коцевски во самиот финиш, само три минути пред крајот, постигна гол за голема радост на Фреигхт Оне и конечни 2-1.

Со оваа победа, Фреигхт Оне го освои шампионскиот пехар и главната парична награда од 200.000 денари, додека Вила Клепало како финалист го освои второто место и награда од 100.000 денари.

Со големото финале беше спуштена завесата на уште едно успешно издание на турнирот „Ораовица 2026“, кој и оваа година привлече бројна публика и понуди квалитетен мал фудбал до самиот крај.

Вергови го освои третото место и парична награда од 50.000 денари, додека Тобако Јаков & Такси Бате ЗЦ го заврши турнирот на четвртата позиција, за што беше награден со 25.000 денари.

Најдобар голман е Филил Лазаров од тимот на Вила Клепало, Александар Коцев од Фреигхт Оне е најдобар играл, а Иса Дурмишов од тимот на Вергови најдобар стрелец.

Спортска Мрежа и годинава беше медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Кој ќе игра во Суперлигата – Соколи со Србиновски и Шкупи во трка за местото во елитата

Штип е пред можност повторно да добие суперлигашка кошарка, откако КК Соколи официјално поднесе барање на јавниот повик на Кошаркарската федерација на Македонија...

Втора лигаФудбал

Денес стартува 35. издание на Втората лига: Нов формат, големи амбиции и жестока битка за ПМФЛ

Денес стартува 35. издание на Втората македонска фудбалска лига, која во новата сезона носи одредени промени во системот на натпреварување во однос на...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва четири нови дуели на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе има атрактивни соочувања!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ продолжува вечерва...

Турнири

Вечерва беа “искинати” мрежите на турнирот во Дебреште за високи и убедливи победи

Нови убедливи победи на меморијалниот турнир “Алмир Ибески – Апмо 2026”, откако...

Турнири

Денес стартува седмиот „Трофеј Трајан Куља“: Голем број екипи од повеќе држави на турнирот во Црнобуки

Битолското село Црнобуки денес повторно ќе биде во знакот на детскиот фудбал,...

Турнири

Пилана Жарко и Црнилиште пресилни на турнирот во Дебреште

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!