Кошарка

МЗТ Скопје го претстави српскиот центар Димитрије Николиќ

Сподели
ФОТО: КК МЗТ Скопје
Сподели

Искусниот српски центар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) и официјално е нов кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша договор со актуелниот македонски шампион.

Николиќ зад себе има богато професионално искуство, настапувајќи за повеќе клубови во Србија и во странство. Кошаркарскиот пат го започна во Раднички од Крагуевац, а од 2017 до 2021 година го носеше дресот на Партизан. Потоа играше за Слога Краљево, Слобода Ужице, ФМП и Златибор, пред да ја започне интернационалната кариера во романска Крајова, каде што настапуваше во два наврати. Во меѓувреме беше дел и од романски Брашов, како и од литвански Невежис.

Со своето искуство, висина и физичка доминација, Николиќ треба да внесе дополнителна стабилност под кошевите и да биде значајно засилување за „штрковите“ и во нападот и во одбраната.

Србинот е четвртото странско засилување на МЗТ Скопје ова лето, по Американците Лесли Ворнер и Ноа Фарахан, како и босанскиот центар Емир Крајиниќ.

За новата сезона договори со клубот имаат и Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Андреј Андоноски, Лука Стојановски и Никола Василевски, а на тренерската позиција останува Васко Атанасов.

Во претстојната сезона МЗТ Скопје ќе се натпреварува во домашното првенство, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!