Третолигашот Овче Поле од Свети Николе се засили со Метин Ќерими, откако клубот го претстави 23-годишникот како ново засилување.
Ќерими во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за Беласица, а претходно беше дел од екс второлигашите Вардар Неготино и Победа, беше дел од Шкендија Арачиново, Братство од Житоше, охридска Воска Спорт, Братство Влазними и Скопје.
Ќерими е играч од средниот ред и треба да биде вистинско освежување за Ржаничино.
Иако претходно Ќерими беше промовиран во БВК Коњаре и Ржаничино, сега тој позираше во дресот на Овче Поле, со кој клуб ќе се бори за шампионскиот пехар во Трета лига регион 3 и влез во Втора лига.