Трета лигаФудбал

(ФОТО) Овче Поле ги стартува подготовките: Целта е шампионска титула и бараж за Втората лига

Сподели
Сподели



Третолигашот Овче Поле од Свети Николе ги започна подготовките за сезоната 2026/27, со јасно поставена цел – освојување на првото место во Трета лига – регион 3 и обезбедување бараж за пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Првата прозивка беше одржана вчера со почеток од 18:00 часот, а стручниот штаб предводен од Јорданчо Трендафилов, заедно со неговите соработници Тони Серафимов и Андреја Ефремов, на располагање го имаше поголемиот дел од играчкиот кадар. Од клубот најавуваат дека останатите фудбалери ќе се приклучат во наредните денови.

Костурот на тимот останува речиси непроменет во однос на минатата сезона, а раководството работеше и на дополнително засилување на составот. Нови членови на Овче Поле се Никола Стоиловски, кој пристигнува од ГФК Осогово, Метин Керими од Беласица, како и младите Андреј Славевски од Њу Старс, Стефан Антониев, Горјан Кочиев и Филип Митев, кои доаѓаат од младинските категории на Брегалница Штип. Во клубот откриваат дека трансфер-пазарот сè уште не е завршен и дека во следниот период се очекува пристигнување на уште два до три квалитетни фудбалери, по што ростерот за есенскиот дел од сезоната ќе биде комплетиран.

Минатата сезона Овче Поле беше еден од најсериозните кандидати за шампионската титула во Трета лига – Исток, но во неизвесната трка не успеа да ја надмине Победа Валандово, која го освои првото место што водеше во баражот за Втората лига.

Сега клубот од Свети Николе повторно влегува со највисоки амбиции и ќе атакува на лидерската позиција во Трета лига – регион 3, која носи можност за бараж и пласман во второлигашкото друштво.

 

Во наредниот период Овче Поле ќе одигра и неколку контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ќе ја темпира формата, со цел екипата максимално подготвена да го дочека почетокот на новата сезона.



Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“, кој ќе го има своето четврто издание, со богата спортска програма...

Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а во истата ќе се натпреваруваат 14 екипи. Познати се сите екипи,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а...

Втора лигаФудбал

Одложен натпреварот меѓу Работнички и Брера во Втора лига

Натпреварот од 5. коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Работнички и...

Втора лигаФудбал

Работнички се засили со Мердиан Рамадани

Второлигашот Работнички донесе засилување со цел да го подигне квалитетот во сопствените...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Реми во Тетово: Љуботен и Тиверија Брера ги поделија бодовите

Без победник заврши натпреварот во Тетово со кој се комплетираше 4. коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!