Втора лигаФудбал

ФОТО: Минимална победа за Беласица на пријателската во Радовиш против Детонит Плачковица

Сподели
Сподели

Денес на Градскиот стадион во Радовиш се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Детонит Плачковица и Беласица, каде струмичани беа подобри со голот на Рон Адеми постигнат во самиот финиш од мечот за конечни 0:1.

По првите 45 минути мрежите мируваа, а на полувреме тренерите Горан Здравков и Мартин Алаѓозовски одлучија да прават промени со цел да им се даде шанса на сите играчи и да се провери нивната форма.

За Беласица ова беше трет контролен меч, додека пак за Детонит Плачковица ова беше прв тест-меч.



Новата сезона радовишани ја отвараат против Шкупи во гости, а пак струмичани на домашен терен против Осогово.





Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче...

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!