Амбициозниот третолигаш Илинден денес го одигра првиот контролен натпревар против младинците на Вардар и на истиот загуби со резултат од 1:3, мечот се играше на теренот во Илинден.
Стрелец за екипата на Илинден беше Давид Ристов кој погоди во 4. минута од средбата.
Следните контролни средби за тимот на Илинден кој го води Горан Симов ќе бидат против Македонија ЃП закажан за 7 август, против второлигашот Санта Луција од Малта на 12 август во Струмица, Фортуна тест-меч за 19 август, на 22 август проверка против Пчиња, а „генералката“ ќе биде против Куманово на 29 август.
Илинден гради тим со кој ќе цели кон влез во Втората македонска фудбалска лига.