Турнири

ФОТО: Магна се „распадна“, Украс ИНГ со „лото“ победа – стартуваат елиминациите на турнирот во Чардаклија

Сподели
Сподели

Од вечерва започна осминафиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во штипска Чардаклија.

Тимот на Украс ИНГ со неверојатни 7:3 славеше над Фаланга Штип за влез во четвртфиналето со „лото“ победа.

Техногума Мела со 3:0 го доби мечот со Meta Pixels, а пак тимот на Каров Шпед Шкорпиони со тесни 2:1 се намачи да го добие дуелот со Џоле Транс Коп.

Во рамките на последниот меч за оваа вечер тимот на Магна доживеа вистинска „катастрофа“ откако беше поразен со неверојатни 0:10 од Тобис Агро.

Ова се првите екипи кои обезбедија „виза“ за пласман во четвртфиналето.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, а утре следуваат нови натпревари за нови возбудувања.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото село Ораовица, влегува во највозбудливата фаза. Вечерва стартува осминафиналето, каде што...

Кошарка

КК Пелистер го претстави Коста Кириловски како трето засилување за новата сезона

КК Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2026/27. Нов член на битолскиот клуб е Коста Кириловски, еден од најперспективните млади македонски кошаркари....

Поврзани написи
Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото...

Турнири

ФОТО: Благица и Китчен со две победи, гол-шоу на М Младост за убедлива победа на “Малеш Куп” во Берово

Синоќа беа одиграни нови четири мечево на турнирот во мал фудбал “Малеш...

Турнири

Мена Транс го доби мечот со Гринс Ресторан, но потоа загуби од Вергови на „Ораовица 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ се одиграа три натпревари,...

Турнири

(ФОТО) Гол-шоу во Берово: Паб Монополо Делчево и Еклектик убедливи

По паузата од неколку денови на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!